Џирона, тимот на македонскиот репрезентативец Бојан Миовски, оствари значајна победа во трката за опстанок во Ла Лига, совладувајќи го Валјадолид на гостински терен со минимални 0-1.
Во натпревар со малку шанси и голема борба на средината од теренот, гостите од Каталонија долго време не успеваа да го пробијат добро организираниот дефанзивен ред на домаќините. Сепак, клучниот момент се случи во 80. минута, кога искусниот напаѓач Кристијан Стуани погоди за водство и победа на Џирона.
⚽️ GOAL: Stuani
— Goals Xtra (@GoalsXtra) May 13, 2025
🇪🇸 Real Valladolid 0-1 Gironapic.twitter.com/Knu7u5n1Xy
Со оваа победа, Џирона освои три клучни бода и сега е многу блиску до обезбедување опстанок во шпанската елита
Македонскиот напаѓач Бојан Миовски овојпат го проследи натпреварот од клупата за резерви и не доби минутажа од тренерот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го сочува врвот со „минималец“ против Работнички, а Шкендија имаше лесна задача против...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Борче Христов (Тиквеш)
Доаѓањето на Борче Христов на кормилото на Тиквеш донесе и многу подобри денови за...
Автор makfudbal













