Фудбалерките на ЖФК Љуботен го освоија Купот на Македонија откако во финалето на комплексот на Фудбалската федерација на Македонија ја совладаа екипата на Тиверија Брера со убедливи 3-0. Со оваа победа, тетовскиот состав е на прагот да комплетира двојна круна за оваа сезона – шампионскиот трофеј во Првата женска лига и националниот Куп, со оглед дека има бодовна предност во шампионатот.
Љуботен покажа доминација во финалето и ја потврди фаворитската улога. Првиот гол го постигна Мариан Огочукву во 45. минута, со што го отвори резултатот пред полувремето. Истата фудбалерка зголеми на 2-0 на почетокот од второто полувреме.
Во самиот финиш на натпреварот, Величковска го постигна третиот гол и ја запечати победата за Љуботен.
Ова е нов голем успех за клубот од Тетово, кој доминира во женскиот фудбал во Македонија и се подготвува за настапите во европските натпреварувања.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Вардар ремизираа, а Шкендија го победи Пелистер и се доближи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Шкендија заврши со европските обврски и сега целосно е посветена на македонскиот шампионат, а...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Артета: Ова е огромна победа за Арсенал













