Фудбалерот на Наполи, Елиф Елмас, верува дека Македонија може да направи сензација и да го елиминира европскиот првак Италија на патот кон Светското првенство во Катар. Тој нема да може да помогне поради суспензија за жолти картони, заедно со Тихомир Костадинов, но чека да игра финале со подобриот од дуелот меѓу Португалија и Турција.
Елмас одлично ги познава квалитетите на Италијанците од дуелите во Серија А.
„Искрено, нè очекува многу тежок натпревар. Ги познавам многу добро фудбалерите на Италија. Играат многу поразлично од порано. Многу побрзо, поофанзивно, технички и тактички на врвно ново. Индивидуално се многу силни на секоја позиција“, открива Елмас.
„Соиграчите од Наполи велат дека се свесни за тежината на натпреварот. Велат дека воопшто нема да биде лесен меч за нив. Нè анализираат во детали, знаат дека е само еден натпревар, свесни се за нашиот квалитет и не смеат да не потценат. Шансите се 50-50. Верувам во моите соиграчи, знам дека ќе го дадат максимумот и ќе направиме нов, историски успех. Имаме квалитет и ова е нова шанса да се претставиме во најдоброто издание“, изјави Елмас во разговор за Видеолотарија Касинос Австрија, официјалниот партнер на фудбалскиот национален тим.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski