МАКФУДБАЛ во Палермо,
Фудбалската репрезентација на Македонија утревечер ќе игра против Италија во бараж натпревар за пласман на Светското првенство во Катар. Селекторот Благоја Милевски вели дека веќе нема дилеми околу стартниот тим и има само една порака за репрезентативците.
„Дилеми околу составот немам. Тимот е веќе познат. За фудбалерите имам само една порака, да уживаат во дуелот со европскиот првак. Италија е врвна репрезентација, но ние имаме свои планови и ќе се обидеме да ги спроведеме утре на теренот. Се надевам дека сме подготвени и физички да играме повеќе од деведесет минути“, изјави селекторот Милевски на прес-конференцијата.
Натпреварот меѓу Италија и Македонија е закажан за утревечер, со почеток во 20.45 часот на стадионот „Ренцо Барбера“.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski