
Еди Хау го препороди Њукасл и испаѓањето во Чемпионшип веќе не е опција, па веќе во клубот се прават планови за следната сезона. Медиумите на Островот откриваат дека голманот на Манчестер Јунајтед, Дин Хендерсон, е прва цел на Њукасл за летниот преоден рок.
Хендерсон не сака да биде резерва на Давид Де Хеа и следната сезона сака да биде во тимот каде што ќе биде прв голман.
Њукасл звучи како идеална дестинација, бидејќи нема сомнеж дека клубот ќе биде еден од најактивните на пазарот. Хендерсон ги мина сите помлади категории на Јунајтед, замина на бројни позајмици, а откако се истакна во Шефилд Јунајтед се врати во „Театарот на соништата“. Сепак, веројатно очекуваше позначајна улога во тимот и поголема минутажа.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Евро-фудбал
Нико Ковач: Веќе ја видов силата на Јувентус
