
Македонскиот второлигаш ГФК Охрид Лихнидос упати реакција на судењето на натпреварот против Воска и истакна дека во подтрибинскиот простор бил нападнат голманот Дамјан Серафимов од директорот, претседателот и голманот на Воска Спорт.
„Со големо разочарување може да констатираме дека квалитетно судење во Македонија не постои. Специфично нема професионално судење кога се игра против екипата на Воска Спорт. Доколку играме десет натпревари со вакво судење нема да победиме на ниту еден натпревар.
Последните два натпревари во кои судеа прволигашки судии кои досудија непостоечки ситуации што влиаеја на конечниот резултат, ни е одземена можноста за играње на фудбал и спортско радување. Имено, со нашата работа успеавме да создадеме фудбалска величенствена атмосфера!
На последните натпревари против екипите на Вардар, Велешта, Воска има огромен број на публика од 2000 до 5000 гледачи. Поради неспортски однос од тие што ја делат правдата публиката си оди разочарана после натпреварот.
Денеска многу беа значајни коментарите во публиката: „Да си одиме дома бидејќи судијата ќе досуди пенал во 100-тата минута”. Исто така во првото полувреме не ни беше досуден пенал каде што имаше играње со рака. Се беше пресликано како во претходниот натпревар со Воска.
По завршувањето на натпреварот во подтрибинскот простор физички беше нападнат нашиот голман Дамјан Серафимов од страна на директорот, претседателот и голманот на Воска Спорт. За овој случај е доставен дополнителен записник до ФФМ.
Доколку ГФК Охрид Лихнидос е приморан да настапува во криминалната лига, луѓето кој што го водат клубот поранешни репрезентативци докажани спортисти, нема да го дозволат тоа. Фудбалот е место за спортисти, а не за криминалци.
ГФК ОХРИД ЛИХНИДОС
Фото: www.ohridnews.com

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Андре Онана е нов голман на Трабзонспор

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски

Млади репрезентации
Влатко Колев го објави списокот на фудбалери за Македонија У17 против Кипар

Евро-фудбал
На „Маракана“ ечеше – „Пикси, оди си!“ (ВИДЕО)

Интернационалци
Мартин Ѓоргиевски прави изненадувачки трансфер во Збројовка Брно

Евро-фудбал
Челси ќе остане без Делап до крајот на ноември
