
Јани Атанасов со Хајдук Сплит се пласира во финалето на Купот на Хрватска. Сплитските „били“ вечерва во полуфиналето славеа над Горица со 2-1.
Мелњак во 39. минута донесе предност од 1-0 за Хајдук Сплит, а истиот фудбалер во 64. минута го постигна и вториот погодок. До крајот, гостите успеаја само да го ублажат поразот со голот од пенал на Калик во 95. минута.
Јани Атанасов влезе во игра во 73. минута и ги одигра последните дваесетина минути од натпреварот.
Хајдук Сплит во финалетожќе го очекува подобриот од вториот полуфинален дуел меѓу Ријека и Осијек.

Advertisement
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal
Advertisement
Advertisement