
Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми заработи нова повреда. Тој мораше предвреме да го напушти натпреварот меѓу Динамо Загреб и Локомотива (0-0) на „Максимир“.
Адеми беше на клупата за резерви, тренерот Жељко Копиќ сакаше да го поштеди, меѓутоа неговите соиграчи е можеа да стигнат до водство против Локомотива, па го уфрли во игра на почетокот на второто полувреме. И тој доби силен удар од соиграчот Јосип Мишиќ, по што мораше да биде повлечен.
Динамо го очекува реванш меч со Севилја во осминафиналето на Лигата на Европа, но и дерби против Осијек во хрватското првенство.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум оствари важен триумф против Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ и...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Ако Реал денеска загуби, Анчелоти ќе добие отказ
