Connect with us

Работнички ги комплетираше подготовките во Анталија

Работнички ги комплетираше зимските подготовки во Анталија. Тимот на Борче Христов одработи 12 дена во турскиот туристички центар, одигра три пријателски натпревари и денеска се враќа во Скопје, каде ќе следи глазура на формата пред почетокот на пролетниот дел од првенството.

Работнички на подготовките во Анталија ги победи украинскиот прволигаш Лвов (1-0) и рускиот второлигаш Факел (3-0), а загуби од полскиот прволигаш (0-1).

Последниот пријателски натпревар е закажан за в сабота (13 часот) против второлигашот Кожув во Гевгелија.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови