Во Севилја владее сериозна тензија откако кукла на надувување со вреќа на главата и шал од клубот беше обесена од мост во градот, придружена со заканувачки транспарент: „Јуниоре, ова е твојот крај“. Шпанските медиуми го толкуваат овој чин како директна закана до претседателот на клубот, Хосе Марија дел Нидо Караско, познат по прекарот „Јуниор“. Клубот веднаш го пријави инцидентот во полиција, а истрагата е во тек.
Иако Севилја обезбеди опстанок во Ла Лига, незадоволството кај навивачите не стивнува. Дел Нидо Караско веќе подолго време е под силен притисок — од трибините постојано се слушаат скандирања „Јуниоре, оди си“. Напнатоста дополнително ескалираше по последниот пораз од Селта, кога неколку стотини навивачи го пресретнаа тимскиот автобус пред тренинг-центарот. Ситуацијата излезе од контрола: беа истрелани дијаболи, фрлани јајца, а фудбалерите беа принудени да преноќат во кампот.
Овие инциденти се дел од поширока серија на притисоци врз раководството на клубот. Пред неколку недели, по поразот од Атлетико Мадрид, беше нападнат и директорот за стратегија и развој, Игнасио Наваро. Вчера, навивачката група „Sevillista San Fernando“ официјално ги прогласи Дел Нидо Караско и целиот управен одбор за „непожелни лица“ во клубот.
Севилја ја завршува сезоната со уште два натпревара – прво на домашен терен против Реал Мадрид, а потоа со гостување кај Виљареал. Се очекува напнатоста да продолжи, особено на стадионот „Санчез-Писхуан“, каде што атмосферата е веќе сериозно наелектризирана.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal













