Претседателот на УЕФА, Александер Чеферин, заедно со неколку водечки европски фудбалски делегати, го напуштија 75. Конгрес на ФИФА што се одржа во Парагвај, откако состанокот започна со повеќе од два часа доцнење поради отсуството на првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино.
Инфантино пристигна подоцна поради патување на Блискиот Исток, каде што престојувал во друштво на претседателот на САД, Доналд Трамп. Во обид да го оправда своето отсуство, Инфантино изјави дека имал проблеми со летовите и го истакна значењето на посетите во Катар, домаќин на СП 2022, и Саудиска Арабија, која ќе биде домаќин на СП 2034.
„Како претседател на ФИФА, моја одговорност е да носам одлуки во интерес на организацијата. Сметав дека е неопходно да бидам таму за да го претставувам фудбалот и секој од вас“, изјави Инфантино.
Но, од УЕФА пристигна јасен протест. Во соопштението се наведува:
„Промената на распоредот во последен момент, и тоа од политички причини, му нанесува штета на фудбалот и ги поткопува неговите вредности.“
Претседателката на Фудбалската федерација на Норвешка, Лиза Клавенес, изјави дека заедно со неколку европски колеги го напуштиле Конгресот точно во времето кога првично требало да започне. Таа остро реагираше на целата ситуација:
„Загрижувачки е тоа што 210 членки од целиот свет дојдоа во Парагвај очекувајќи професионално водство и суштински дијалог, а се соочија со вакво однесување.“
Нешто подоцна, и официјалното соопштение на УЕФА изрази „длабоко жалење“ за начинот на кој беше организиран Конгресот, нарекувајќи го тоа „удар врз една од најважните фудбалски средби во светот“.
Во изјава на УЕФА се додава:
„Сите сме тука за доброто на фудбалот – од улиците до трибините. Нашите делегати почувствуваа дека мора да испратат јасна порака: спортот е пред сè.“
САД летово ќе бидат домаќини на Светското клупско првенство, а во 2026 година, заедно со Канада и Мексико, ќе го организираат Светското првенство.
-
Кристијано Роналдо ги предводи „дедовците“ на СП, тука се и Модриќ, Џеко, Нојер…
Осум фудбалери постари од 40 години, меѓу кои и Кристијано Роналдо, ќе настапат на...
Автор makfudbal
-
Мбапе го брани епитетот најдобар стрелец на СП, Жист Фонтен и натаму е ненадминлив
Килијан Мбапе ќе го брани трофејот наменет за најдобар стрелец на Светското првенство. Досега...
Автор makfudbal













