Манчестер Сити ја заврши најлошата сезона во последната деценија – без ниту еден освоен трофеј – откако не успеа да го победи Кристал Палас во финалето на ФА Купот на „Вембли“. Лондонскиот тим приреди сензација и славеше со 1-0, освојувајќи го првиот трофеј во својата 120-годишна историја.
Иако „граѓаните“ доминираа целосно на теренот, со дури 80% посед на топката и 20 удари кон голот, недостасуваше завршница и прецизност. Кристал Палас играше трпеливо, одлично се бранеше и ја искористи единствената вистинска шанса во првото полувреме. Во 38. минута, Еберечи Езе по асистенција од Муњоз го совлада Едерсон за водство од 1-0.
Манчестер Сити имаше можност за израмнување пред полувремето, но новото засилување Омар Мармуш не реализира пенал – голманот Дин Хендерсон маестрално го одбрани ударот. Во вториот дел Палас уште еднаш ја затресе мрежата преку Муњоз, но ВАР сигнализираше офсајд и голот беше поништен.
И покрај постојаниот притисок, Сити не успеа да се врати, а тимот на Оливер Гласнер со херојска игра дојде до историски триумф. Со тоа, тимот на Пеп Гвардиола го загуби второто финале по ред на „Вембли“, по минатогодишниот пораз од Манчестер Јунајтед, и ја заврши сезоната со големо разочарување.
Кристал Палас, пак, славеше не само победа, туку и историски подвиг, носејќи го првиот значаен трофеј на „Селхарст Парк“ по повеќе од еден век постоење.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Вардар ремизираа, а Шкендија го победи Пелистер и се доближи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Шкендија заврши со европските обврски и сега целосно е посветена на македонскиот шампионат, а...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Артета: Ова е огромна победа за Арсенал













