Англиската Премиер – лига одлучи дека за одложување на натпревар предизвикан од вирусот Ковид-19, потребно е во еден тим да бидат заразени најмалку четворица фудбалери. Како што пандемијата на коронавирусот се шири во Европа и светот, така лигите беа принудени да ги реорганизираат протоколите за да го најдат вистинското решение.
Премиер – лигата одлучи најмалку четворица да бидат заразени во продолжение од првенството, што е спротивно на примерот од пред десетина дена кога Арсенал го одложи дербито против Тотенхем со само еден фудбалер заразен од коронавирус.
Најсилното англиско првенство продолжува на 5 февруари со натпреварот меѓу Вотфорд и Барнли.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ливерпул и Сити во трка за ѕвездата на Борнмут













