
Фудбалерот од средниот ред на Манчестер Сити, Кевин де Бруин, ги предупреди соиграчите дека битката за титулата во Премиер – лигата не е завршена. „Граѓаните“ се на врвот на табелата со девет бода предност пред второпласираниот Ливерпул, откако победија на 12 од последните 13 првенствени натпревари. „Црвените“ имаат и еден одигран меч помалку.
„На програмата во декември има многу натпревари еден по друг и успеавме да ги добиеме сите. Очигледно дека сме во добра серија. Сега ни претстои кратка пауза, но ќе се обидеме да ја задржиме формата. Понекогаш кога победувате на многу натпревари по ред, доаѓа момент кога забавувате, но ние ќе се потрудиме да го одржиме доброто ниво“, изјави Де Бруин.
Следниот меч на Манчестер Сити во Премиер – лигата е на 9.февруари против Брентфорд на домашен терен.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Интер си пронајде нов напаѓач на „Олд Трафорд“
