
Напаѓачот на Реал Сосиедад, Александер Исак, најверојатно ќе остане во својот сегашен тим и ќе го откаже евентуалниот трансфер во Арсенал, пишува шпанскиот весник „Мундо Депортиво“. Швеѓанецот во последните месеци е голема желба на менаџерот Микел Артета и тој е упорен да го доведе на „Емирати“, но веројатно нема да успее во таа намера.
Исак преферира да остане во Сан Себастијан барем до лето и да му помогне на тимот во борбата за пласман во Лигата на шампионите. Во моментов Реал Сосиедад е на шестото место на табелата во Ла Лига со 34 бода, но само два помалку од Атлетико Мадрид кој е четвртопласиран.
Ова е ново разочарување за Микел Артета, кој по секоја цена сака офанзивно да го засили Арсенал, откако пред неколку дена стана јасно дека целта број еден, Душан Влаховиќ, исто така го одби Арсенал и ќе потпише за Јувентус.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Интер си пронајде нов напаѓач на „Олд Трафорд“
