Спортскиот лекар и кардиолог од Минхен, Флоријан Штраубе, тврди дека дефанзивецот на Баерн, Алфонсо Дејвис, би можел да отсуствува најмалку три месеци. Канаѓанецот страда од миокардитис, воспаление на срцевиот мускул, после коронавирусот.
„Доколку миокардитисот е привремено поврзан со акутна коронарна инфекција, професионалните здруженија и спортските здруженија препорачуваат пауза од најмалку три месеци. Но, ако има мало подобрување, тој може да започне со лесни тренинзи еден месецц порано. Многу е важно постепено да влегувате во форма по ваква пауза“, изјави Штраубе.
Отсуството на Алфонсо Дејвис ќе биде голем удар за Баерн Минхен во претстојниот период, кога ќе се одлучува за трофеите во Бундес – лигата и во Лигата на шампионите.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ливерпул и Сити во трка за ѕвездата на Борнмут













