Жозе Мурињо сака да доведе уште три засилувања во тимот на Рома до крајот на зимскиот преоден рок.
На листата со желби се дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Ерик Баи, играчот од средниот ред на Шабаб, Евер Банега и членот на Арсенал, Гранит Џака.
Баи би ја зголемил конкуренцијата во одбраната, квалитетот на Банега не е доведен во прашање, но Аргентинецот во јуни полни 34 години и постои дилема дали поранешниот играч на Интер сепак може да направи разлика на највисоко ниво по натпреварите во Саудиска Арабија.
Намерата на „Специјалниот“ е јасна дека римјаните ќе ја засилат средината на теренот, но во овој момент приоритет е останувањето на Николо Заниоло, чиј договор истекува во летото 2024 година. Се чини дека времето е долго, но „волчицата“ сака да го спречи сценариото на Душан Влаховиќ, кој наскоро ќе стане член на Јувентус по притисокот со кој се соочи Фиорентина.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ливерпул и Сити во трка за ѕвездата на Борнмут













