Неколку недели се очекува разврската на ситуацијата околу Осман Дембеле, кому договорот со Барселона му истекува на 30 јуни, а се чини дека тоа е датумот што најдолго ќе го задржи на „Камп Ноу“.
Барселона му постави ултиматум на Французинот веднаш да го продолжи договорот или да го напушти клубот, но поранешниот играч на Борусија Дортмунд нема намера да ја раздолжи опремата на „Камп Ноу“.
Сепак, тоа ги забрза најавите за неговиот нов клуб, а Премиер – лигата се чини дека е најреална опција.
За контроверзниот Французин долго време се интересираат Манчестер Јунајтед и Ливерпул, но најсилната мамка ја подготви Челси на чело со поранешниот тренер на Дембеле, Томас Тухел.
Според медиумите на Островот, агентот на Дембеле во понеделникот се сретнал со челниците на Челси и се работи на доведување на Французинот во Западен Лондон на лето.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ливерпул и Сити во трка за ѕвездата на Борнмут













