Connect with us

Меѓу загинатите и дете и бремена жена: ФИФА сочувствува со големата трагедија во Камерун

Голема трагедија се случи пред почетокот на натпреварот од Африканскиот куп на нации меѓу Камерун и Комори. Загинаа неколку лица и над 40 се повредени во стампедо на навивачите кои се обидувале да влезат на стадионот и да ја следат својата репрезентација.


Бројката на загинати се зголеми на осум лица, меѓу кои е и едно 14-годишно дете, но и бремена жена, аФИФА објави соопштение искажувајќи почит до семејствата на жртвите.

„ФИФА сака да покаже почит кон семејствата и пријателите на жртвите кои ги загубија животите во трагичниот инцидент, кој се случи пред стадионот. Мислите и молитвите на цела фудбалска заедница се со повредените“, пишува во соопштението на ФИФА.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови