
Српскиот интернационалец Душан Влаховиќ, одличниот напаѓач на Фиорентина, е на чекор од преселба во Јувентус. Затоа гневните навивачи на „виола“ му пишуваат морбидни закани пред стадионот на клубот. На оградата пред „Артемио Франки“ беа закачени два транспаренти. На поголемиот пишуваше „Твоите чувари нема да ти го спасат животот“.
Смртните закани беа придружени и со навреди. Србинот беше наречен – Циган.
Влаховиќ особено ги налути навивачите на Фиорентина бидејќи оди кај најомразениот ривал, кој се прослави по тоа што ги зема најдобрите играчи на Фиорентина уште од трансферот на Роберто Баџо во 1990 година. Во Јувентус се и Киелини, Квадрадо, Бернардески и Киеза, сите поранешни фудбалери на Фиорентина.
Српскиот голгетер, кој сезонава постигна 20 гола за Фиорентина на 24 натпревари, ја одби понудата да стане најплатениот фудбалер во историјата на клубот и сака да си замине. Со оглед дека неговиот договор истекува во 2024 година, Фиорентина едноставно мора да го продаде.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум оствари важен триумф против Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ и...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski