
Селекторот на Шпанија, Луис Енрике, е еден од најсериозните кандидати за нов менаџер на Манчестер Јунајтед, тврдат медиумите на Островот. Поранешниот тренер на Рома и Барселона, заедно со Маурисио Покетино, е еден од фаворитите за клупата на англискиот великан следното лето, кога истекува договорот на Ралф Рангник.
Германецот дојде како привремено решение, по што ќе продолжи да работи како советник во клубот. Повторно ќе се ослободи менаџерската позиција, а раководството на Манчестер Јунајтед уште отсега ги разгледува најдобрите опции.
Францускиот стратег Зинедин Зидан ја отфрли можноста да дојде на „Олд Трафорд“, а во опција е и сегашниот тренер на Ајакс, Ерик тен Хаг.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум оствари важен триумф против Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ и...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski