Фудбалерот на Реал Мадрид, Карим Бензема, смета дека Лионел Меси не ги заслужува критиките со кои се соочува по преселбата во Пари Сен Жермен.
Меси минатото лето се пресели на „Паркот на принцовите“. Во дресот на богатиот француски клуб одигра вкупно 16 натпревари и постигна шест гола, од кои само еден во домашното првенство. Затоа Аргентинецот често е критикуван во јавноста.
„Ќе биде чудно да се сретнам со него сега, по толку години во Барселона. Тој е еден од најдобрите играчи во светот“, изјави Бензема најавувајќи го натпреварот меѓу Реал и ПСЖ во Лигата на шампионите.
„Зошто досега не покажа се што може во ПСЖ? Потребно е време за да се прилагоди. Но, погледнете што прави на теренот. Не можете само да критикувате таков играч. Кој го критикува Меси, тој навистина не разбира фудбал“, потенцира Французинот.
Бензема се осврна и на дуелот со неговиот соиграч од репрезентацијата, Килијан Мбапе.
„Ќе биде интересно бидејќи сме во добри односи. Ќе видиме што ќе се случи. Сакам да победувам, а сигурен сум дека тоа е и неговата цел. Дали разговаравме за натпреварот? Искрено, разговаравме за многу теми, но сè уште не и за мечот“.
Првиот натпревар од осминафиналето ќе се одигра во Париз на 15 февруари.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal