Палермо ќе биде мегданот каде Италија и Македонија ќе го играат полуфиналниот бараж натпревар за пласман на Светското првенство. На 24 март, избраниците на Благоја Милевски ќе го предизвикаат актуелниот европски првак, а за Александар Трајковски тоа ќе биде и своевидно „враќање дома“, со оглед дека заедно со Илија Несторовски во минатото го носеа дресот на Палермо.
Во интервју за „Тутомеркатовеб“, тој вели дека Македонија никогаш не се предава иако против себе ќе има голем ривал.
„За мене тоа ќе биде емотивно враќање. Но, секако ќе биде и голем натпревар, како за мене така и за Македонија. Ова е за нас неверојатна шанса, да се бориме за пласман на Светско првенство, да направиме уште една историја и бидете сигурни дека ќе сториме се да ја оствариме целта. Македонија никогаш не се предава, така ќе биде и во Палермо. Ќе ни недостига многу квалитетот и искуството на Горан Пандев, но тој се откажа од националниот тим и сега е време да блеснат неговите наследници“, изјави Александар Трајковски, кој сега е член на данскиот Алборг.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ливерпул и Сити во трка за ѕвездата на Борнмут













