Еден Азар го постигна победничкиот гол за Реал Мадрид на куп-дуелот против Елче, но тоа и не е пресудно за тој да остане на „Сантијаго Бернабеу“. Тренерот Карло Анчелоти се заложил Белгиецот да остане дел од тимот затоа што верува дека може да ја врати старата препознатлива форма и конечно да заигра во голем стил во „кралскиот клуб“.
„Тој е во нашите планови за следната сезона, тоа можам да го потврдам“, изјави Карло Анчелоти.
Реал Мадрид планира голема реконструкција на тимот по завршувањето на сезоната. Се очекува доаѓање на Килијан Мбапе, но и на Ерлинг Халанд и на Пол Погба.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ливерпул и Сити во трка за ѕвездата на Борнмут













