
Челси, Барселона и Тотенхем се во трка за напаѓачот на Лил, Џонатан Дејвид. Во меѓувреме, Реал Мадрид, Арсенал и Вест Хем исто така внимателно ја следат ситуацијата и се подготвени да вклучат во наддавањето во летниот преоден рок.
Агентот на Дејвид најави дека ова ќе биде последна сезона за него во тимот на Лил, а францускиот шампион е во силна позиција да побара многу сериозна отштета за својата ѕвезда, со оглед дека има договор со клубот до 2025 година.
Џонатан Дејвид е во Лил од 2020 година, кога го доведе од редовите на Гент. Тој има постигнато 29 гола на 77 натпревари од доаѓањето во клубот. Во репрезентацијата на Канада постигна 18 гола на 24 натпревари.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal