Интер за дербито против Милан ќе остане без крилниот напаѓач Хоакин Кореа. Ова стана јасно откако Аргентинецот се повреди на натпреварот против Емполи во Купот на Италија во средата. Се испостави дека ќе отсуствува најмалку две седмици.
„Откако се здоби со повреда на натпреварот со Емполи, Хоакин Кореа во петокот наутро беше подложен на детално скенирање во клиниката во Розано. Прегледите покажаа дека има истегнување од втор степен на левиот бутен мускул. Неговата состојба повторно ќе биде проверена за две недели “, соопшти клубот.
Кореа нема навреме да се опорави за да учествува во дербито со Милан на 6. февруари. 27-годишниот фудбалер има постигнато четири гола на 20 натпревари во сите натпреварувања за Интер.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ливерпул и Сити во трка за ѕвездата на Борнмут













