Connect with us

Интер „краде“ уште една ѕвезда на Јувентус

Италијанскиот првак Интер тргна во офанзива по Пауло Дибала, но размислува и за уште еден играч на Јувентус. Раководството на миланскиот тим работи на ангажманот на колумбискиот репрезентативец Хуан Квадрадо, кого сакаат да го доведат ова лето.


Според италијанските медиуми, Интер размислува да му понуди двегодишен договор на Квадрадо со плата од 4,5 милиони евра по сезона.

Договорот на Квадрадо со Јувентус истекува на крајот од сезоната, исто како и на Дибала, па Интер би можел бесплатно да добие две фантастични засилувања.

Квадрадо оваа сезона постигна пет гола на 26 натпревари во сите натпреварувања. Со Јувентус е петкратен шампион на Италија, четири пати го освои Купот на оваа земја, а два пати Суперкупот.

За колумбиската репрезентација одигра 108 натпревари и постигна десет гола.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови