Младата ѕвезда Ансу Фати повторно ќе паузира. Барселона потврди дека 19-годишниот напаѓач заработил повреда на бутниот мускул, а можно е да паузира и подолг период, ако замине на нова операција.
Сознанијата на лекарите докажуваат повредата не е нималку наивна и дека тој можеби ќе мора да замине и на операција во Финска.
Доколку се лекува по конзервативен пат, тогаш Ансу Фати ќе паузира околу три месеци. Но, многу подобро би се санирала повредата со хируршки зафат и тоа го препорачуваат клупските лекари на Барселона.
Ако Ансу Фати замине „под нож“, тогаш неговото закрепнување ќе трае многу подолго и за него оваа сезона ќе биде завршена.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ливерпул и Сити во трка за ѕвездата на Борнмут













