
Германскиот репрезентативец Антонио Рудигер бара од Челси нов четиригодишен договор вреден 46 милиони фунти за да остане во клубот. Тој е подготвен да остане на „Стемфорд бриџ“, меѓутоа неговите агенти ги поставија условите според кои тој би се сложил да го носи и понатаму дресот на актуелниот европски првак.
Доколку Челси одбие, Рудигер по завршувањето на сезоната ќе си замине како слободен играч, а го посакуваат Реал Мадрид и Баерн Минхен.
Реал Мадрид ќе прави поголема реконструкција во летниот преоден рок, а една од желбите е и Рудигер да ја засили одбраната.
Баерн Минхен би сакал да го врати Германецот во Бундес-лигата и секако би сакал да го добие како слободен агент на лето.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум оствари важен триумф против Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ и...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski
