Атлетик Билбао го искористи домашниот терен и го елиминира актуелниот освојувач Барселона од Купот на Шпанија. Баскискиот тим славеше со 3-2 по продолженија и се пласира во четвртфиналето од ова натпреварување. Ова е уште еден удар за Чави Хернандез и неговите избраници.
Икер Муниаин во втората минута донесе водство за Атлетик Билбао, но Феран Торес покажа дека е големо засилување за Барселона постигнувајќи прекрасен првенец во 19.минута.
Иниго Мартинез во 86.минута повторно донесе предност за Атлетик Билбао, но Педри ја спаси Барса од пораз во регуларниот тек со голот во 93.минута. Сепак, домаќинот беше упорен и стигна и до трет погодок.
Во 105.минута, Икер Муниаин реализираше пенал и го одведе Атлетик Билбао во следната рунда од ова натпреварување.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ливерпул и Сити во трка за ѕвездата на Борнмут













