Поранешните англиски репрезентативци Вејн Руни и Френк Лампард, како и хрватскиот стратег Нико Ковач, водат преговори за испразнетото менаџерско место во Евертон. Како што е познато, пред два дена Евертон се раздели со Рафаел Бенитез, чиј престој на „Гудисон парк“ нема да се памети по позитивни резултати.
Руни ја започна својата блескава кариера како фудбалер во Евертон и многу добро ја познава средината. Моментно е тренер на проблематичниот Дерби Каунти во Чемпионшип, но неговиот договор истекува на крајот од сезоната.
Лампард, кој пред извесно време го водеше и Дерби Каунти, моментно е без работа. Последен пат работеше во Челси, но беше отпуштен пред една година.
Третиот сериозен кандидат за клупата на Евертон е хрватскиот стратег Нико Ковач. Тој беше на кормилото на Баерн Минхен, а последно го водеше Монако од каде неодамна доби отказ. Кандидат за функцијата во Евертон е и Роберто Мартинез, но тој е актуелен селектор на белгиската репрезентација и тоа можеби да претставува проблем.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal













