Франк Рибери ја напушта Италија. Последните шест месеци во Салернитана каде пристигна од Фиренца не беа баш добри за него, францускиот ветеран се повреди, а клубот нема пари да му го плати договорот од милион и пол евра по сезона. Тој е најплатен фудбалер, а Салернитана би сакала да се ослободи од договорот, да заштеди пари и се појави атрактивна опција.
Легендарниот Французин по 16 години би можел повторно да заигра во Турција и тоа за Карагумрук. Повозрасните паметат дека пред Марсеј во 2005 година помина половина сезона во редовите на Галатасарај. Бидејќи не земал плата, со помош на ФИФА го раскинал договорот и по само половина година се вратил во Франција.
Сега би можел да игра за Карагумрук, клуб од Истанбул кој се врати во елитата пред две сезони, по пауза од речиси четири децении.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal