Connect with us

Рангник го открил проблемот: Мегваер, Шо и Ван-Бисака не се за Манчестер Јунајтед…

Германска бруталност и искреност. Менаџерот Ралф Рангник само неколку седмици откако седна на клупата на Манчестер Јунајтед, го напишал и првиот детален извештај до раководството. Иако е „клупска тајна“, сепак, медиумите на Островот брзо ја открија.

Ралф Рангник укажал дека Манчестер Јунајтед има проблеми со недостиг на квалитетни решенија на одредени позиции во тимот. Поточно, потенцирал дека стоперот Хари Мегваер, како и страничните играчи Арон Ван-Бисака и Лук Шо не се доволно квалитетни за да играат во „идниот шампионски Манчестер Јунајтед“.

Германскиот стратег препорачал клубот да се активира на трансфер маркетот и да побара подобри решенија наместо споменатите фудбалери кои, според него, треба да бидат ставени на трансфер – листа.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови