
Реал Мадрид го освои шпанскиот Суперкуп и јуриша кон нова титула во Шпанија, но Флорентино Перез и раководството на клубот сакаат да обезбедат доминација во годините што следат. Реал веќе донесе неколку млади и перспективни играчи, а сега работи на тоа на клубот да му се приклучат најдобрите светски напаѓачи.
Не е тајна дека Перез веќе некое време се обидува да го доведе Килијан Мбапе, а во последно време се споменува и Ерлинг Халнд. Одличниот норвешки напаѓач го воодушеви целиот свет, а само оваа сезона постигна 21 гол на 18 настапи и забележа осум асистенции во дресот на Борусија Дортмунд.
Меѓутоа, доколку Перез успее во намерата и Халанд потпише за мадридскиот гигант, тоа би можело да направи вистински шок во клубот. Карим Бензема, еден од напаѓачите со најдолг стаж на Реал Мадрид и секако една од најголемите ѕвезди на клубот, кој одигра 586 натпревари за „кралевите“, постигна 303 гола и забележа 153 асистенции, се заканува со заминување.
Бензема, како пишува „Ел Национал“, е подготвен да остане во Реал Мадрид и нема ништо против Килијан Мбапе да се приклучи на тимот, но на Перез наводно веќе му било кажано дека доколку Халанд дојде во тимот, Бензема ќе си замине.
На Перез сега му претстои голема одлука, да го доведе Халанд или да го задржи Бензема…

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Енис Барди стрелец за Коњаспор во првенството на Турција (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Волтемаде донесе триумф за Њукасл (ВИДЕО)

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)
