Дони ван де Бек со месеци сака да го напушти Манчестер Јунајтед бидејќи не е стартер и нема минутажа, па побара да се раздели со „црвените ѓаволи“ до крајот на јануари.
Меѓутоа, кога челниците на Њукасл му понудиле на Ван де Бек позајмица до крајот на сезоната, тој им се заблагодарил и рекол дека не е заинтересиран за таква понуда.
Освен што самиот играч нема желба да се пресели во тим кој се бори за опстанок, менаџерот на Јунајтед, Ралф Рангник, не сака да загуби еден играч во ротацијата во средниот ред. Тој бара Холанѓанецот да остане таму барем до крајот на сезоната.
Њукасл досега ги ангажира дефанзивецот Киран Трипие од Атлетико Мадрид, а потоа и Крис Вуд, напаѓачот на Барнли.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ливерпул и Сити во трка за ѕвездата на Борнмут













