
Челси го загуби дербито од Манчестер Сити (1-0) и сега заостанува огромни 13 бода зад „граѓаните“ во трката за шампионската титула.
Белгискиот играч за врска Кевин де Бруин во 70. минута го постигна голот за Сити.
Сите 90 минути во нападот на Челси ги одигра неговиот репрезентативен колега Ромелу Лукаку, имаше неколку можности, меѓу кои и ударот од 48. минута кога Едерсон брилијантно го одбрани, но не постигна гол.
По натпреварот, менаџерот на Челси, Томас Тухел, јавно го критикуваше својот напаѓач.
„Лукаку имаше многу загубени топки и немаше притисок во ветувачки ситуации. Имаше добри шанси. Се разбира, сакаме да му помогнеме. Тој е дел од нашиот тим и понекогаш и му треба помош“, рече Тухел за Лукаку.
Лукаку оваа сезона одигра 22 натпревари за лондонскиот тим во сите натпреварувања, постигна осум гола и додаде две асистенции.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal