Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ралф Рангник, синоќа изјави дека францускиот фудбалер Антони Марсијал не сакал да биде во тимот за натпреварот против Астон Вила. Тоа британските медиуми го издигнаа на ниво на скандал, но Французинот сето ова го демантира.
Рангник истакна дека Марсијал ќе беше во тимот доколку сакаше.
„Не сакаше да биде во тимот. Затоа не е со нас“, изјави германскиот стручњак.
Сепак, Марсијал тврди дека не е се како што вели менаџерот на клубот. Тој се огласи на Инстаграм.
„Никогаш не би одбил да играм за Манчестер Јунајтед. Тука сум седум години и никогаш нема да го обезвреднам клубот и навивачите“, изјави Марсијал.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal