Албанскиот интернационалец Ералдо Чинари треба да биде следното засилување на актуелниот шампион Шкендија. Раководството на клубот прави голема реконструкција на тимот, а веќе пристигнаа четири квалитетни засилувања, Ферхан Хасани, Михаил Маневски, Андре Менсалао и Клисман Цаке.
Петтото ново име, Ералдо Чинари, е крилен напаѓач и досега насташуваше за турскиот второлигаш Самсунпор. Раководството на Шкендија успеало да го убеди да го засили тетовскиот тим. Тој треба да биде претставен во текот на денешниот ден или најдоцна за време на викендот.
Шкендија отпатува за Анталија каде ќе ја реализира главната фаза од зимските подготовки.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













