Замбискиот фудбалски судија, Џани Сиказве, кој вчера приреди нешто неверојатно на Африканскиот куп на нации кога двапати предвреме означи крај на мечот помеѓу Тунис и Мали, завршил во болница поради топлотен удар и дехидрирање за време на мечот, објавија локалните медиуми.
Тунис побара мечот, во кој загубија со 0-1 од Мали да биде преигран, откако Сиказве прво означи крај на мечот во 85. минута, а потоа откако го продолжи мечот го скрати 17 секунди пред крајот на 90-тата минута.
Според Египќанецот, Есам Абдел-Фатах, одговорниот за судии, Сиказве имал топлотен удар и бил сериозно дехидриран по што завршил во болницата во Лимбе, Камерун. Температурата во текот на мечот беше 34 степени, со огромна влажност на воздухот.
„Судијата страдаше од топлотен удар и многу сериозна дехидрација, по што го загубил фокусот и заврши во болница. Затоа се случија предвремените означувања на крајот. Кога се случи кризата, тој ја загуби контролата и требаше четвртиот судија да го преземе мечот, но еден од двете репрезентации го одби тоа“, вели Абдел-Фатах.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal