Реал Мадрид ја победи Барселона со 3-2 во „Ел Класико“ во полуфиналната пресметка од Суперкупот на Шпанија кој се игра во Ријад. Во големото финале ќе го очекува победникот од дуелот меѓу Атлетико Мадрид и Атлетик Билбао.
Дури по продолженија, „кралевите“ успеаја да го надмудрат големиот ривал, а стрелец на победничкиот гол беше Феде Валверде во 98.минута од мечот. Во регуларниот тек натпревар заврши 2-2.
Винисиус Жуниор во 25.минута го отвори резултатот, а израмни Лук де Јонг, малку и среќно, во 41.минута, откако постави нога при реакцијата на Милитао. На крајот Тибо Куртоа остана изненаден и совладан.
Карим Бензема вторпат ги доведе „кралевите“ во водство во 72.минута, а повторно израмни Ансу Фати во 83.минута од дуелот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ерик тен Хаг се враќа на кормилото на Ајакс?













