Поранешниот репрезентативец Томе Китановски до крајот на сезоната ќе го носи дресот на Струга Трим Лум. Дефанзивецот треба да го пополни испразнетото место по заминувањето на Клисман Цаке, кој потпиша за Шкендија.
Китановски потпиша договор на шест месеци, со можност за продолжување на уште една година.
Китановски има големо искуство и на домашната сцена, но и интернационално искуство. До неодамна беше дел од Шкупи, а во кариерата играше и за Пелистери и за Македонија ЃП. Како дел од неговата меѓународна кариера, тој играше во Крајова во Романија, во Вождовац и во Младост Лучани во Србија, во Истра и во Славен Белупо во Хрватска, во Сабаил во Азербејџан и во Кукс во Албанија.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













