Лидерот на табелата, тимот на Шкупи, потпиша договор со фудбалерот за врска од Гана, Патрик Менсах. 20-годишниот играч во наредните три години ќе остане на Чаир, а доаѓа од тимот на Heart of Lions од Гана.
„Посебно е чувството што потпишав со клуб како Шкупи. Слушнав многу убави работи за овој клуб и за навивачите и исклучително сум среќен што сум тука. Тука сум да му помогнам на Шкупи да ги оствари своите цели“, изјави Патрик Менсах.
Тој е второто засилување за Шкупи во јануарскиот преоден рок.
Advertisement
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal
Advertisement
Advertisement