Connect with us

Циркус на Африканскиот Куп: Судија двапати свиреше крај и тоа предвреме (ВИДЕО)

Неверојатна сцена се случи на денешниот натпревар од африканскиот Куп на нации помеѓу Мали и Тунис.

Главниот судија на натпреварот, Јани Сиказве досуди крај на натпреварот во 85. минута, пет минути пред истекот на предвидените 90. минути.

Кога од клупата на Тунис изреагираа бурно, Сиказве се консултираше со ВАР судиите, па го продолжи натпреварот.

Сепак, тука не беше крај на скандалот затоа што судијата повторно свирна крај пред истекот на 90. минута. До крајот на регуларните 90 минути имаше уште 20 секунди. Острите реакции на Тунижаните не вродија плод. Натпреварот беше завршен.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови