
Првото засилување за Шкупи во јануарскиот преоден рок е 19-годишниот скопјанец, Азер Омерагиќ. Тој минатата сезона беше дел од тимот на Борец Велес, а претходно настапуваше и во младинскиот тим на Хајдук Сплит до 19 години. Кариерата ја започна во Вардар.
Азер ја продолжува семејната традиција, со оглед дека неговиот татко Масар Омерагиќ долги години беше член на Шкупи, како Слога Југомагнат, а стана и шампион со овој клуб.
„Голема е одговорноста што ќе имам можност да играм во клуб со историја и амбиции какви што има Шкупи. Ќе се обидам да дадам се од себе за овој дрес. Ќе се бориме да ги оствариме нашите цели и ќе се погрижиме да ги израдуваме нашите навивачи“, изјави Азер Омерагиќ.
Азер Омерагиќ и Шкупи потпишаа договор со времетраење од една и пол година.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal