
Македонскиот репрезентативец Столе Димитриевски во последните часови повторно се поврзува со можен трансфер во каталонскиот гигант Барселона. Сепак, голманот на Рајо Ваљекано засега ги демантира шпекулациите.
„Фокусиран сум на наредните натпревари во оваа сезона. Тоа е она што ме интересира. Нормално е да слушам вакво нешто, но не дозволувам да ми го одвлече вниманието. Јас немам никакви информации за трансфер во Барселона. Сериозен сум и смирен. Сите сакаме да играме во голем тим, но мојот фокус е да работам напорно секој ден“, изјави Димитриевски.
од Шпанија доаѓа информација дека Рајо Ваљекано нема намера да го продаде Димитриевски. Доколку Барселона сака да го купи ќе мора да активита отштетната клаузула од 6 милиони евра.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум оствари важен триумф против Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ и...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Бетис лесно ја надигра Џирона (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Киеза има четири понуди да се врати во Серија А

Евро-фудбал
Ако Реал денеска загуби, Анчелоти ќе добие отказ
