Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски имаше одлична полусезона за МТК во унгарското првенство и го сврте вниманието на неколку европски клубови. Најнов клуб кој се интересира за негов ангажман е чешкиот великан Славија Прага, тврдат унгарските медиуми.
Миовски постигна седум гола за МТК во првиот дел од шампионатот, а во 2021 година дебитираше и за сениорската репрезентација на Македонија. Тој има договор до 2023 година, а унгарскиот клуб за него бара отштета од 2 милиони евра.
Славија Прага доминира во чешкиот фудбал во последните пет години, а има вкупно 20 шампионски титули ако се смета и периодот на Чехословачка.
Покрај Славија Прага, за Бојан Миовски има интерес и од Фрајбург и од Аталанта.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













