Нов тренер на Сараево сум 99 отсто, но да оставиме да завршам некои работи овде во Македонија, не дај Боже се да пропадне, изјави Александар Васоски, за „Агенцијата Анадолу“. Јасно е, Васоски треба да се збогува и да ги расчисти сметките со Академија Пандев, тимот што го одведе до второто место на табелата по првиот дел од сезоната во Првата македонска лига.
„Разговаравме и на добар пат сме се да биде дефинитивно. Велам, имам уште една формална работа да завршам во Македонија и затоа ви кажав дека 99 отсто сум нов тренер на Сараево. Да оставиме да биде официјализирано“, вели Васоски.
„Сараево е одличен клуб, одлични навивачи, традиција, трофеи… Но, ве молам, почекајте уште малку и тогаш ќе можеме да зборуваме многу поконкретно за сè.“
Васоски тренерската кариера ја почна во Вардар, се потврди во Академија Пандев и веднаш добива и интернационален предизвик.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













