
Еден од најталентираните македонски фудбалери и досегашен член на Работнички, Лука Станковски, направи трансфер во турскиот прволигаш Газијантеп. Тој во наредните четири и пол години ќе го носи дресот на турскиот прволигаш.
Работнички со гордост објави дека е веројатно и единствениот фудбалски клуб од Македонија кој во континуитет реализира трансфери на своите најдобри фудбалери во странство. Клубот и фудбалерот се задоволни од условите што ги понуди Газијантеп.
„Среќни сме што можеме да го потврдиме трансферот на нашиот досегашен фудбалер, талентираниот Лука Станковски во турскиот прволигаш Газијантеп. Работнички продолжува да реализира големи трансфери на своите фудбалери и во овој тежок период на пандемија на коронавирусот низ целиот свет. Имаше неколку понуди за Лука Станковски, но раководството на Газијантеп беше најупорно, понуди одлични услови и за клубот и за самиот фудбалер, а заеднички донесовме одлука дека тоа е вистинскиот клуб за Лука да продолжи да напредува и да се развива. Му посакуваме многу среќа, да се наметне со своите игри и во Газијантеп и да го следи примерот на неговите поранешни соиграчи и членови на Работнички, Елиф Елмас и Милан Ристовски, кои сега се стандардни членови на сениорската фудбалска репрезентација на Македонија. Со својот квалитет и Лука Станковски го заслужува токму тоа и веруваме дека многу брзо ќе го оствари“, изјави претседателот на ФК Работнички, Драган Поповски, за официјалниот сајт на клубот.
Тимот на Работнички ќе ги стартува зимските подготовки на 8. јануари, а втората фаза ќе ја одработи во Анталија, од 20. до 31. јануари.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Тер Штеген ќе мора на нова операција на грбот?
