Левиот бек на Брегалница, Михаил Маневски, својата кариера ја продолжува во редовите на актуелниот првак Шкендија. Тој се заблагодари на сите во штипскиот клуб за досегашниот развој на неговата кариера и поддршката што ја добиваше од навивачите во Штип.
„Сакам во оваа прилика да испратам огромна благодарност до ФК Брегалница, раководството, стручниот штаб и сите вклучени во функционирањето на клубот кои ми помогнаа за исклучителниот развој на мојата кариера. Свесен сум колку Брегалница ми помогна за фудбалскиот напредок. Сакам да искажам и отворена благодарност до сите навивачи на клубот за неизмерната поддршка од првиот до последниот ден“ – вели Маневски по разделбата со „сините“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal