
Македонскиот репрезентативец Стефан Спировски се враќа во Унгарија. Тој утре треба да потпише договор со унгарскиот прволигаш МТК и ќе биде соиграч со колегата од националниот тим, Бојан Миовски, како и со поранешниот фудбалер на Работнички, Себастијан Херера.
Спировски првиот дел од сезоната го мина во украинскиот Мариупол, а сега реши да ја прифати понудата на МТК и да се врати во Унгарија по три години. Тој во периодот од 2017 до 2019 година ги бранеше боите на Ференцварош.
Спировски ќе стави потпис на договор до крајот на сезоната, со опција за дополнителна година доколку МТК го обезбеди прволигашкиот статус и за наредниот шампионат.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски
